ДКСК: Пристигната е претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање

Од:

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница информира дека примила претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева во која е наведено оти не доставувала извештаи за работата на Агенцијата до повеќе тела во државата. Дали наводите на претставката се точни или неточни, ќе треба да пресече претседателката на државата.

-Согласно Законот за Агенцијата за разузнавање во член 3 став 2 е уредено дека Агенција за работите од нејзина надлежност ги известува органите во државата – претседателот на Собранието, до Владата, до претседателот на Владата, како и до Советот за координација на безбедно разузнавачка заедница и други органи во државна управа зависно од предметот на работење. Претставката се однесуваше во насока дека директорот на Агенцијата досега нема доставено информации за своето работење до Собранието, која размена на податоци согласно законот е зависно од предметот на интерес на самото работење. ДКСК не може да навлезе во надлежноста дали комуникацијата и размената на податоците помеѓу наведената Агенција и другите органи тече согласно потребите од причина што надлежен орган за законско постапување на законот за Агенција на разузнавање е претседателот на државата. ДКСК нема надлежност да навлегува дали комуникацијата согласно закон помеѓу наведените институции тече согласно потребите и динамиката која ја определува самата Агенција. За размена на нивните информации дали се во време и на место согласно закон, проценува претседателот на државата, рече членот на ДКСК, Цвета Ристовска.

ДКСК реши предметот да ѝ го препрати на одлучување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова под чија надлежност е Агенцијата за разузнавање.

На седницата беше презентирана уште една претставка за вработен во Агенцијата за разузнавање, кој наводно на Фејсбук имал фотографии од партиски штаб во времето на парламентарните избори. И за него, како што беше потенцирано на седницата, антикорупционерите нема да постапуваат, туку предметот е алоциран во внатрешната контрола на АР за да се види дали наводите се точни или не.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат