ДКСК повикува навреме да се поднесат Анкетни листови

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива заклучи да изврши увид дали поднеле Анкетни листови за имотната состојба ректорите, деканите, директорите и заменици директори на институти при сите државни универзитети во Република Северна Македонија.

Државната комисија за спречување на корупцијата, од увидот во својата евиденција констатира дека одреден број од горенаведените лица не поднеле Анкетен лист за имотната состојба по изборот/именувањето на функцијата поради што на 4-тата седница одржана на 07.03.2019 година, заклучи да поведе прекршочни постапки согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за прекршоците.

По објавување на веста во медиумите со демант и реакција се јави деканот на Факултетот за музичка уметност Димитрије Бужаровски со образложение дека се уште не му е истечен законскиот рок во кој е обврзан да поднесе анкетен лист.

Тргнувајќи од наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата наоѓа за потребно да укаже дека до пропустот е дојдено поради тоа што од страна на надлежните институции кои вршат избор/именување неажурно се доставуваат податоци за Регистарот на избрани и именувани лица, што е законска обврска, така што Државната комисија за спречување на корупцијата нема точен увид за тоа кога одредени лица се избрани или именувани на функција што е една од основните намени за кои е воспоставен Регистарот.

Во таа насока Државната комисија за спречување на корупцијата на истата седница упати Јавен повик до сите раководители на институции кои вршат избор или именување или од нив овластени лица доследно да ја спроведуваат законската обврска за доставување податоци или во спротивно Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе соодветни постапки предвидени со закон.

Исто така со демант и реакција се јави и деканот на Стоматолошкиот факултет Ќиро Ивановски со образложение дека до Државната комисија за спречување на корупцијата поднел Анкетен лист и за функцијата вд декан и за функцијата декан.

Државната комисија за спречување на корупцијата од увидот во својата евиденција констатира дека Ќиро Ивановски поднел Анкетни листови по избор и по престанок на функцијата вд декан на Стоматолошкиот факултет, но не и по изборот за декан на истиот факултет.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ