ДКСК: Најавите за вработувања во јавната администрација не смеат да бидат предмет на договор на политички структури

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во рамки на своите надлежности, има обврска да спроведува превенција и да презема мерки за спречување на можни злоупотреби на службена положба, судир на интерес и незаконско постапување. ДКСК укажува дека актуелните најави за вработувања во јавната администрација, од страна на одредени политички субјекти во Република Северна Македонија, не смеат да бидат предмет на договор на политички структури. Секое вработување мора да биде во согласност со закон, по мерит систем и без никакви влијанија, велат од ДКСК.

„Само на овој начин, почитувајќи ги законските регулативи, ќе овозможиме враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот, ќе спречиме коруптивно однесување, трговија со влијанија и партиски клиентелизам.

Секоја изјава за „договорни“ партиски вработувања во јавната администрација ја нарушува довербата на граѓаните во јавните институции и генерира ризици од корупција во постапките за вработувања. Ве информираме дека, во насока на остварување на своите превентивни законски надлежности, ДКСК веќе направи антикорупциска проверка на предложените закони за вработување во јавниот сектор и на предлагачот му укажа на можните ризици од корупција кои истите ги генерираат, нагласуваа од ДКСК.

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите