Извесен Џево од Липково на социјалните мрежи ги повикува сите Албанци во земјава да учествуваат на протестите што, се најавени за утре во 12 часот и 30 минути.
Од утрешниот протест се оградија политичките партии на Албанците и ИВЗ и повикаа на смиреност, да не се излегува на протестот и да не се наседнува на провокации.
Џево живее во Брисел и на својот профил напишал дека е веб дизајнер и дел од хакерската група која напаѓа македонски портали.
Според најавите протестот се организира за да се стави крај на монтираниот судски процес за масакрот кај Смиљковското езеро, и да се стави СТОП на , како што велат, угнетувањето на Албанците.