Државниот инспекторат за животна средина извршил контрола на резервоарите за мазут и на начинот на постапување со отпад во Топлана Исток на Балкан енерџи (БЕГ). Надзорот има за цел проверка на информациите дека БЕГ резервирал големи количини мазут за целата грејна сезона од компанија на која претходно и бил запрен увоз на мазут во Хрватска заради несоодветен квалитет на горивото.
-Беше утврдено дека количината на мазут што БЕГ има обврска да ја набавува секоја година согласно Законот за енергетика е за 15-дневна потрошувачка. И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не набавиле, односно, не користеле мазут од 2013 година, во која биле гасифицирани. Во резервоарите нема складирано мазут, односно единствено гориво што се користи како енергенс е природен гас. Извештаите за дневна потрошувачка на гориво од страна на БЕГ изработени од Регулаторна комисија за енергетика потврдуваат дека БЕГ не користи воопшто мазут како енергенс – се вели во соопштението од ДИЗС.
Од таму посочуваат дека ако дојде до прекин на снабдување со гас во грејната сезона во 2021 година со потенцијално користење мазут ќе се емитираат големи количества на штетни гасови.
-Неопходно е да се измени Законот за енергетика и наместо задолжувањето за набавка на мазут како алтернатива на гасот, да се бара воведување обновливи извори или други еколошки енергенси, потенцираа од инспекоратот.