Ковачевски: Владата нема да дозволи скопјани да останат без греење, имаме решение

Од:

Во одговор на новинарско прашање во однос на глобалната енегретска криза како и за проблемот со греењето во град Скопје, претседателот на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски рече дека веќе се преземени мерки за зголемување на домашното производството на струја со сите расположливи капацитети, намален е ДДВ од 18% на 5% и дека се подготвуваат нови мерки за заштита на граѓаните и стопанството и додаде дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без греење.

„Во однос на топлинската енергија според законите, топлинската енергија и БЕГ односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на градот Скопје и треба да биде свесен дека и тие треба да предвидат мерки коишто очигледно не се предвидени во рамки во нивниот буџет за справување со оваа криза. Без оглед на тоа Владата и нејзиниот економски тим веќе одржа состанок на којшто се разгледа ситуацијата и прво сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарски услови што значи според цената на гасот која ја набавува операторот на системот во градот Скопје, второ министерството за финансии обезбеди финансиски средства на на БЕГ за набавка на гас од развојната банка на Северна Македонија, тие им се понудени меѓутоа за тоа БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција за која ќе го обезбеди кредитот нормално според пазарни банкарски услуги.“ рече претседателот Ковачевски.

„Доколку тоа не се случи тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје бидејќи Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење зимава.“ додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“