Дисциплински постапки за полициските припадници кои вчера не носеа заштитна опрема додека апсеа момче што го шета кучето

Од:

МВР информира дека е иницирана постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за полициските припадници кои вчера не носеа заштитни маски и ракавици, додека приведуваа момче кое надвор од предвиденото време со полицискиот час, го шеташе својот миленик.

„Констатирано е дека при преземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на  Упатството за начинот на однесување на работниците во МВР во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус и препораки со цел спречување на ширење на коронавирусот без пропишаната заштитна опрема. Следствено на тоа, против полициските службеници кои превземале службени дејствија спротивно на пропишаните правила и прописи од страна на ОВККИПС иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, велат од МВР.

Во однос на приведувањето на момчето, од МВР велат дека нема ништо спорно во однос на начинот на кој била спроведена постапката.

„По однос на настанот што се случи на улицата Антон Панов во Скопје, каде што од страна на полициски службеници беше затекнато и приведено лицето С.Б. од Скопје, по вклучувањето и на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, констатирано е дека лицето во посоченото време било надвор заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици, така што согласно член 206 од КЗ на РСМ лицето било приведено во полициска станица“, објаснуваат од Министерството.

Видеото што вчера се рашири на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во јавноста, особено во однос на тоа што осуммина полициски припадници го апсеа момчето, а притоа не беа соодветно заштитени, согласно протоколите.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски