ВИДЕО: По неказнетите ора и протести на улица, полицијата уапси момче со миленик во Скопје

Од:

Полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Неофицијално, станува збор за случка во реонот на Кисела Вода, односно Црниче.  Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за дете, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.

„А бе пред станица ќе го врзе“, вели еден од полицајците, а се слуша од снимката.

Од снимката може да се види дека полицајците кои интервенираат не користат ниту заштитна опрема за спречување на коронавирусот, како маска и ракавици.

Од коментарите на социјалните мрежи може да се види дека сите кои ја прегледале снимката се огорчени од настанот и не го оправдуваат, поради бројноста на полициските сили кои интервенирале бидејќи момче го шетало својот миленик на улица, дваесетина минути пред официјалниот термин кој го одреди Владата.

„Зошто не дојде војска? Требало и претседателот да дојде. И нели е тоа групирање повеќе од петмина?“, „Мрдната работа, силни се на дете со кутре“, „Брука невидена сте бре“, „Остајте го детето, срам да ви е. Лесно ви е со него, за Сингелиќ малку ви беа 100 комбиња. Срам да ви е“, се коментира на социјалните мрежи за интервенцијата.

Во изминативе денови, на социјалните мрежи беа објавени низа на видео снимки од кои се гледа масовно прекршување на полицискиот час од страна на група граѓани, кои играа ора на улица, но и славеа во дворови со масовно собирање. За овие настани, полицијата не реагираше се до објавување на снимките, денови потоа. Исто така, засега непознато е дали се казнети  лицата кои се собраа кои се излегоа на улица во Сингелиќ за да протестираат во време на полициски час.

Повеќе од три недели молчи и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за инцидентот кој го предизвикал неговиот советник за време на полициски час во Тетово. Кабинетот на Чулев не одговори дали советникот е санкциониран, како и зошто претставката од БПС Тетово не е дадена на постапување во Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Од МВР нема информации за случајот.

Би можело да ве интересира

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски

Владата го укина полицискиот час, од утре дозволени свадби со повеќе гости и настани до 1.000 луѓе

Жарко Настоски