Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, обвинителството му предложило на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна во висина од 100 дневни глоби, за лицето кое на 25 март било затекнато при непочитување на полицискиот час.

– За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом, стои во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски

Владата го укина полицискиот час, од утре дозволени свадби со повеќе гости и настани до 1.000 луѓе

Жарко Настоски

Парични казни за четири лица од Скопје поради непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска