Чулев три недели не одговара за инцидентот поврзан со неговиот советник во време на полициски час

Од:

Молк од кабинетот на министерот Наќе Чулев за инцидентот кој го предизвика неговиот советник  Зоран Ѓорѓиевски за време на полицискиот час. Оттаму, три недели нема одговор за тоа што пишува во службената белешка која полициски службеник од БПС Тетово ја напишал, откако Ѓорѓиевски му викал и се заканувал дека ќе трпи последици бидејќи го сопрел со возилото за време на полицискиот час.

Оттаму, нема одговор ниту зошто службената белешка од полициската станица во Тетово не е доставена до одделот за внатрешна контрола, ниту, пак, дали досега советникот на Чулев е санкциониран за неговото однесување, како што претходно беа санкционирани неколку полициски службеници кои не го почитуваа кодексот на однесување.

Министерот Наќе Чулев  ден по настанот кажа за „А1он“ дека ќе се заинтересира за случајот, како и дека ќе задолжи лице да одговори на прашањата, но оттаму, освен тоа дека до кабинетот на министерот нема испратено службена белешка или известување за настанот, не одговорија дали се сомневаат дека тоа е последица на страв или ургенции, па затоа поднесокот од полицискиот службеник не е стигнат до одделот за внатрешна контрола.

Извори за „А1он“ сведочеа дека тетовскиот полицаец бил условен од советникот на Чулев дека ќе трпи последици доколку не се повлече во станицата, по што полицаецот бил принуден да го послуша.

На последната прес-конференција, Чулев, објаснувајќи ги случувањата при инцидентот во Сингелиќ, посочи дека додека е министер, законот ќе важи за сите и неселективно.

„А1он“ не успеа да добие и стапи во контакт со советникот на министерот Чулев, Зоран Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот