А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димковски: Пандемијата ги покачи откупните цени на оризот

by А1он23/05/2020 - 14:41483
Share0

Вонредната состојба во државата, и воопшто пандемијата со коронавирусот на светско ниво, поволно се одразуваат врз оризопроизводството, односно врз откупните цени. Ова е генералната оценка што ја даде министерот за земјоделство Трајан Димковски, при посетата на Кочани, нагласувајќи дека и покрај неповолната хидролошка состојба пролетва, седибата на оризот успешно ќе се приведе кон крај.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ Сезонава во Кочанско под ориз имаме околу 3.200 хектари од кои се очекуваат 17 илјади тони оризова арпа, од што директна егзистенција обезбедуваат близу 1.500 семејства. Има осетно покачување на откупната цена, така што во моментот таа е од 25 до 30 денари за килограм арпа, односно 50 до 60 денари за белиот ориз. Влијание за тоа имаа и светските берзи каде за само два месеца од појавувањето на пандемијата, цената се покачи за 200 евра по тон, а во моментот таа на одделни берзи достигнува и по 1.000 евра за тон. За да може непречено да се реализира сеидбата, на подрачјето на хидросистемот Брегалница оваа година машински беа исчистени 150 километри земјени вади и 20 километри бетонски канали, исчистено е коритото на реката Брегалница од 2,5 километри, а рачно е завршено чистењето на 50 километри главни и споредни бетонски канали за наводнување. Поради сушниот период ќе биде потребно планско и рационално користење на водата за успешно да се реализира вегетацијата“ , рече министерот Димковски.

Тој додаде дека со програмата за 2020 година зголемени се субвенциите по обработлива површина, при што за задолжително користење семенски материјал покачувањето е од 12 илјади на 25 илјади денари, а за оние земјоделци кои не користат сертифициран семенски материјал зголемувањето е од шест на 18 илјади денари по хектар. Истовремено се инвестира и во нови капацитети за наводнување, ако што е изградбата на браната Речани, на падините на Осоговските Планини.

„ Првата фаза за изградбата на овој капитален објект е завршена и веќе тече втората фаза, а според динамичкиот план треба да заврши до крајот на 2024 година. Таа ќе обезбеди снабдување со вода за пиење на Кочани, стабилно наводнување на околу 1.500 хектари во кочанскиот регион, како и производство на електрична енергија со изградба на две хидроцентрали“ , додаде Димковски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев изрази задоволство од поддршката и внимнанието што ресорното министерство ги дава на кочанскиот оризопроизводен регион, посебно за изградбата на потребната инфраструктура за обезбедување вода за наводнување и за други потреби на овдешното население.

kocanioriztrajan dimkovski

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:31

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 10:35

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:20

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:03

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски16/03/2026 - 10:1116/03/2026 - 10:29

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 14:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто