Димитров: Заедничките историски моменти добар предуслов за блискост и соработка

Од:

Скопје и Софија имаат многу заеднички историски моменти и личности и тоа е добар предуслов за блискост и соработка, а не за конфликти, изјави во интервју за БТВ министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска престојува во официјална посета на Бугарија.

– Македонците и Бугарите не можат да бидат блиски ако меѓу нив нема заемна почит, вели Димитров.

Шефот на дипломатија во интервјуто се осврна и на Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор за името и се отвори патот на Скопје кон ЕУ и НАТО.

– Поради името бевме заглавени во чекалната на ЕУ и НАТО, но најдовме начин да го промениме тоа, а истовремено да го зачуваме и потврдиме идентитетот – ние сепак сме Македонци, рече Димитров.

Министерот за надворешни работи, исто така, ги коментираше претстојните претседателски избори во Северна Македонија и спомнувањето на неговото име како можен кандидат.

– Многу скоро ќе се знае околу кој кандидат ќе се обединиме. За мене е чест што моето име се спомнува како претседателски кандидат. Тоа е одговорна работа, вели Димитров.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на посетата на Софија, денеска ќе се сртене со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, а ќе биде примен и од претседателот Румен Радев.

Би можело да ве интересира

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата