Димитров во Букурешт на министерски состанок на ЕУ и земјите-кандидати за членство

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и шефот на романската дипломатија Теодор Мелешкану чија земја е актуелен претседавач со Унијата, денска и утре во Букурешт ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и државите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH).

Македонското МНР соопшти дека дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на прашања поврзани со Кина и заедничките интереси и предизвици на Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Димитров ќе учествува на неформален ручек посветен на земјите кандидати кои заедно со земјите членки на ЕУ ќе дебатираат на тема „Иднината на регионот”. На маргините на состанокот, во организација на Романското претседателство, министерот Димитров ќе учествува и на неформална вечера во Палатата на воениот национален круг, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он