Димитров се сретна со Рикардел, заменичка на советникот за национална безбедност на САД

Од:

Денес, во Белата Куќа, министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средба со Мира Рикардел, заменик на советникот за национална безбедност на САД.

Рикардел упати честитки за постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Грција, со кој што се отвора вратата за интеграцијата на земјата во НАТО. Ја поздрави храброста и зрелоста покажана во политичкиот и дипломатскиот процес, и изрази надеж за успешно завршување на референдумот. Ја пренесе поддршка на Белата Куќа на членството на Република Македонија во НАТО и очекувањето земјата наскоро да го добие заслуженото место на заедничката маса.

Реафирмирајќи ја благодарноста на Република Македонија за конструктивниот придонес на Белата Куќа во процесот на зачленување на НАТО, Димитров изјави: „Фактот што со нашите пријатели од Грција покажавме дека можеме да решиме децениски проблеми, зборува дека Балканот созрева и оди напред. Убеден сум дека македонските граѓани ќе знаат да ја искористат оваа историска шанса“.

Покрај во Белата Куќа, Димитров денес имаше и средби во Сенатот на САД, со истакнатите членови на Комитетот за надворешни односи Џин Шахин и Џејмс Риш.

Сенаторите го поздравија постигнатиот договор за надминување на единствената пречка на патот кон членството на земјата во НАТО и изразија подготвеност за нивна натамошна поддршка и поголема соработка во процесот, вклучително и преку меѓупартиската сенатска група за следење на проширувањето на НАТО. Сенаторите ја истакнаа благодарноста за придонесот на Република Македонија во меѓународните мировни мисии, со што земјата потврдува нејзината посветеност кон трансатлантските вредности.

Би можело да ве интересира

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

Предраг Петровиќ

САД и Иран продолжуваат да разговараат за технички прашања за решавање на конфликтот

Лавров: Решавањето на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги земе предвид интересите на другите страни

Демократите бараат блокирање на американскиот воен буџет поради соработката со Израел

САД доби разузнавачки информации за нов ирански заговор за атентат врз Трамп

Горан Наумовски

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда