А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Одлука за почеток на преговори ќе значи препознавање и охрабрување на позитивните примери

by А1он10/04/2019 - 15:34299
Share0

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, денеска во Берлин, остварија средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во рамки на Министерството за надворешни работи на Германија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Северна Македонија годинава претставува успешна приказна за регионот и Европа. Затоа е важно поволниот моментум да биде искористен и засилен преку одлука за почеток на пристапните преговори во јуни. Тоа ќе значи потврда за историскиот пресврт што го направивме во односите со нашите соседи и силен поттик за домашната реформска агенда.

Но, истовремено тоа ќе биде и неопходен сигнал дека европската перспектива е реална и дофатлива и дека Брисел и земјите членки објективно ги препознаваат и охрабруваат позитивните примери во регионот” , истакна Министерот Димитров.

Османи на средбата истакнал дека Германија е традиционално наша пријателска земја со која негуваме партнерски однос, но, како што посочил, во исто време е и силен поддржувач на политиката за проширување на ЕУ и зачленувањето на земјите од Западен Балкан, за што јасно говори иницирањето на Берлинскиот процес, посветен на поврзаност, добрососедски односи, регионална соработка и европска интеграција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој го преставил и спроведувањето на реформските Планови 3-6-9 и Планот 18, како клучни репери за реформскиот напредок на земјата.

– Фактот што земјава се наоѓа во период на предизборие кога носењето закони е ставено во мирување, создава простор за фокус на институциите во остварувањето на таканаречениот ‘трак-рекорд’, т.е. видливи резултати и успешни примери кои го демонстрираат суштинскиот напредок од спроведените реформи, додал Османи, посочувајќи на претстојниот извештај на Европската комисија, за кој изрази очекување дека ќе го одрази реформскиот напредок на земјата.

Вицепремиерот Османи и министерот Димитров во рамки на работната посета на Берлин ќе учествуваат на брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, на кој ќе реферираат за текот на имплементацијата на политичките обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за напредокот во спроведување на реформите во областите предвидени во заклучоците на минатогодишниот самит на Европската унија, како клучни критериуми пред овогодинешниот самит на ЕУ во јуни, кога се очекува конфирмација на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Претходно Османи и Димитров се сретнаа со пратеникот Јохан Вадефул, а остварија и официјална средба со претседателката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

dimitroveuosmanipregovori

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео