Димитров од Јегуновце: Нашата Македонија решила да оди напред, шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули

Од:

Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“ вечерва се одржа во тетовско Јегуновце на која пред жителите се обратија носителот на листа во ИЕ 1, Никола Димитров како и Фаница Николоска, кандидат за пратеник и носител од редовите на СДСМ во ИЕ6.

Мора да престанеме да бидеме жртва мора да бидеме победници, ниe не сме ништо понеспособни. Една сила е одлучна да оди напред. Нашата Македонија решила да оди напред, и дека нема да оди назад. Запознав многу успешни луѓе со моите патувања, има луѓе успешни, само систем ни треба. Или ќе ја донесеме ЕУ дома или сите ќе ни отидат во ЕУ. Ако сакаме ЕУ живот дома патот е да одиме до пристапните фондови. Сигурно е дека ЕУ ќе ни помогне со нивните фондови, но од нас зависи, ако не чини ќе не опоменат. Шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули, истакна Никола Димитров.

Според Димитров граѓаните на 15 јули имаат две опции да изберат.

Планот наш е да го погледнме проблемот во очи и да преземе одговоррност како што направивм со влезот во НАТО. Од другата страана нема ниту план за државата ниту за граѓаните. Имаат план само како да обноват она што го правеа порано, да има заробена држава. Така беше овие три години, тие влечат назад, ние се обидуваме за напред, истакна Димитров.

Фаница Николоска рече дека при посетата на голем број места во ИЕ6 и покрај забелешките смета дека СДСМ и коалицијата ќе има победничка поддршка.

-Тоа е затоа што во изминативе три години се носеа државнички и тешки одлуки. Тоа е затоа што покажавме дека можеме домаќински да трошиме пари за училишта и патишта наместо за стиропор и барок. Гласот за бројот 3 на гласачкото листе е глас за иднината,влеговме во НАТО, сега влегуваме во ЕУ. Гласот за СДСМ е за повисоки плати и пензии, подобар социјален систем додека од другата страна имаме понуда само за обнова на режимот, истакна Николоска.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он