Димитров на средби во американскиот Сенат и со експерти, професори и истражувачи во Вашингтон

Од:

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средби во американскиот Сенат и со повеќе експерти, професори и истражувачи од невладината заедница во Вашингтон.

На средбите со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД, сенаторот Боб Коркер и со претседавачот на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, сенаторот Рон Џонсон, беше реафирмирана важноста на македонско-американското партнерство и сојузништво, и значењето на натамошната поддршка на САД на евро-атлантската иднина на Република Македонија. Димитров се заблагодари за досегашната поддршка на американските сенатори и го истакна очекувањето за натамошна клучна улога на САД, а особено на американскиот Сенат, до очекуваното зачленување на Република Македонија во НАТО. Сенаторите ја поздравија храброста и одлучноста на Република Македонија во решавањето на спорот околу името, и истакнаа дека Вашингтон со задоволство ја дочека Спогодбата меѓу Република Македонија и Грција. Нагласија дека Македонија е светлата точка на Балканот која има целосна двопартиска поддршка на патот кон НАТО во Сенатот и САД ќе продолжат и натаму со несмалено темпо да работат на исполнување на евро-атлантската иднина на државата.

На одделните средби со претставници од Фондацијата Херитиџ, Школата за напредни меѓународни студии при универзитетот Џонс Хопкинс и на Германскиот Маршалов Фонд на САД, министерот разговараше за актуелностите во процесот на зачленување на Република Македонија во НАТО и ЕУ, и клучните постигнувања на надворешно-политички план, со посебен акцент на Спогодбата со Грција.

Како долгогодишен поддржувач и промотор на членството на Република Македонија во НАТО, Лук Кофи истакна дека фондацијата Херитиџ ќе продолжи и натаму да придонесува кон оваа цел, бидејќи тоа е во интерес на Република Македонија, регионот и на САД. Кофи нагласи дека членството во НАТО, покрај стабилност, носи и странски инвестиции, а тоа ја помага економијата и отвора нови работни места.

Мајкл Халцел, Даниел Сервер и Едвард Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при универзитетот Џонс Хопкинс го поздравија потпишувањето на Спогодбата со Грција и ја посочија Македонија како редок позитивен и успешен пример на Балканот на решавање на отворени прашања. Истакнаа дека Република Македонија се наоѓа во многу значаен момент за нејзината европска и евро-атлантска иднина и повикаа на мудрост и одговорност на сите во земјата, изразувајќи надеж дека Македонија ќе го заокружи овој важен и предолг процес и ќе ја осигура нејзината стабилност, безбедност и натамошен развој.

Вечерва Димитров ќе се сретне со државниот секретар на САД, Мајкл Помпео.

Би можело да ве интересира

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

1.200 летови откажани во САД за Денот на благодарноста поради лошо време

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски