Димитров: Македонија ќе стори се да покаже дека заслужува да ги почне преговорите

Од:

Ќе сториме се да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме во јуни следната година да преминеме во следната фаза од евроинтеграциите и да ги почнеме преговори со ЕУ, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта.

Тој нагласи дека иако нашиот регион географски е опкружен со земји членки на ЕУ, сепак, ние неколку години бевме на маргините на политичкото внимание на Унијата. И, додаде, веројатно заради повеќе причини вклучувајќи ја и мигрантската криза, сега се потврди дека Европа е помалку безбедна без интеграцијата на Западен Балкан.

– Ние ќе сториме се што можеме и ќе се фокусираме на реформите дома, бидејќи наша единставена цел е да ја направиме Македонија европска демократија. Нема да се караме со соседите, иако постојат искушенија, туку ќе го искористиме овој процес да научиме како да станеме европски сојузници. Сакаме да ја искористиме оваа историска можност што постои за регионот, особено за следната година и ќе сториме се за да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме да преминеме во наредната фаза од нашето европско патување и да ги започнеме преговори со ЕУ во јуни, следната година. Македонија се соочуваше со ветар во лице изминатите години, сега би ни значело ако добиеме ветар в грб за да ви овозможиме помирни води и плодна жетва, рече Димитров.

Годинашниот состанок во Будимпешта се одржува во рамки на унгарското претседателство со Вишеградската група, а учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија. Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Москва е загрижена од плановите на НАТО

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он