Димитров: Ја поздравуваме одлуката на ЕУ да обезбеди 70 милиони евра за вакцини за приоритетните групи во регионот

Од:

Владата на Северна Македонија го поздравува денешното усвојување на пакетот од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за финансирање на пристапот на земјите од Западниот Балкан со вакцини против КОВИД-19, набавени од земји членки на ЕУ од страна на Европската комисија.

„ЕУ е нашиот најважен и најблизок пријател во сите фази на пандемијата. Ја поздравуваме одлуката да се обезбедат 70 милиони евра за да се покрие трошокот за вакцини за приоритетните групи, како и опрема потребна за да се изврши вакцинацијата. Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат засилени напори и координирање што треба да овозможат итен пристап до вакцини за Западниот Балкан како клучен исчекор кон завршување на пандемијата“ – вели вицепремиерот Никола Димитров.

Пакетот од 70 милиони евра ќе се исплаќа во форма на грантови кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцините за приоритетните групи во регионот, како и за потребната опрема за вакцинација. Тоа ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да набават вакцини од Договорите за авансна набавка на ЕУ со шест производители, а одделни земји членки на ЕУ ќе споделат дел од нивните претходно доделени дози.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он