А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Добив уверување од Катругалос дека грчката Влада останува посветена на Преспанскиот договор

by А1он13/01/2019 - 13:16226
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, по денешната оставка на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, разговарал со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос од кого добил уверување дека грчката Влада останува посветена да ја заврши работата со Преспанскиот договор.

Добивај вести на вибер

– Ја видов веста за министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци Каменос кој ја напушти функцијата министер за одбрана. Имав веднаш потоа кратка коресподенција со мојот колега Јоргос Катругалос и добив уверување дека грчката Влада останува силно посветена согласно со националните интереси на Грција да ја заврши работата со Преспанскиот договор, рече Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Во таа смисла, дополни Димитров, мислам дека е покорисно да упатуваме порака оти е време двете држави, кои се соседни земји и споделуваат многу заеднички интереси, да го направат овој исчекор кон блиско пријателство, стратешко партнерство и идни сојузници, како нешто што можеби и порано требаше да го направиме.

Појаснувајќи го стапувањето во сила на Договорот од Преспа, рече дека во блиски консултации меѓи двете Влади и двете МНР е најден начин домашниот внатрешен процес и влегувањето во сила на уставните амандмани, кои зависат од тоа кога и како ќе се заврши работата од Парламентот во Атина, да биде усогласен со влегувањето во сила на Преспанскиот договор.

– Има начин и е многу важно и од аспект на нашиот домашен уставно-правен поредок и од аспект на влегувањето во сила Преспанскиот договор кој е меѓународен билатерален дговор тие две работи да се случат заедно. Да влезе во сила Преспанскиот договор заедно со двете ратификации од страна на парламентот во Атина и на договор и на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и има начин како тоа да се направи, рече Димитров.

dimitrovgrcijaimetomnrprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Горан Наумовски27/01/2026 - 20:07

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен