Димитров-Дендијас: Грција ја повтори поддршката за почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров,на маргините на Делфи економскиот форум, денеска во Атина, имаше тет а тет средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговараа и за актуелните случувања во регионот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посебен фокус на средбата беше ставен на значењето на отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како за регионот, така и за кредибилитетот на Унијата на Балканот.

-Секогаш истакнувам дека најголем интерес од европска Северна Македонија имаат токму нашите соседи, кои со нашиот успех во пристапувањето кон ЕУ, обезбедуваат успех и за самите себе како шампиони во регионот, и Грција е одличен пример за тоа, рече Димитров:

Грчкиот министер Дендиас, се наведува, истакна дека Грција е цврсто посветена на европската иднина на регионот и дека посакува одржување на меѓувладини конференции, како прв чекор во пристапните преговори, и со Северна Македонија и со соседна Албанија.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска