Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

Од:

За две и пол години од мандатот, единствен резултат на градоначалникот Бобан Стефковски се партиските вработувања и непотизмот во општината. Потрошени се 26 милиони денари односно, над 450.000 евра за времени вработувања вели координаторот на советничката група на СДСМ во Општина Гази Баба.

– Минимум 12 милиони денари или близу 200.000 евра е планирано да се одлеат од џебот на граѓаните само за оваа 2024та година. Верувале или не, за две ипол години дури 650.000 евра за вдомување на партиските кадри на Вмро Дпмне. Со овие средства на најмладите ќе им обезбедеше 4 нови градинки,проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос во Автомоманда ќе беше уште оддамна минато, а ќе се поставеа неколку километри водоводна и канализациона мрежа. Токму затоа ставката во буџетот на привремени вработувања е 100% реализирана. Градоначалникот Стефковски безмилосно троши народни пари за својте сопартици. Градоначалникот Стефковски едно ветуваше кога ја бараше довербата од граѓаните а сосема друго прави од позиција кога е седнат во фотеља, рече Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Колку чини чантата на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!