Димитриевски во Романовце: Ќе работам чесно и посветено

Од:

Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од СДСМ во Куманово, Максим Димитриевски, вечерва пред жителите на село Романовце рече дека доколку ја добие довербата на граѓаните ќе работи транспаретно, чесно, отворено и ќе работи посветено на реализација на бројните проекти предвидени во програмата со која настапува на изборите.

– Јас сакам во Романовце да видам и вода и канализација и инфраструктура и урбанизација, адаптација на простор за детска градинка, реконструкција на училиште. Тоа ќе се потрудам да го направам за вас, затоа што заслужуваме подобар живот, рече Димитриевски.

Истакна дека ќе бара поддршка од централната власт за крупни инфраструктури проекти, за отварање економски зони со кои ќе се намали невработеноста. Вети дека општинската администрацијата ќе работи во интерес на граѓаните и на суштинско зближување на граѓаните.

– Се што ќе ветам, ќе реализирам, oд граѓаните за граѓаните, додаде Димитриевски.

Носителот на листата од СДСМ за Куманово, Атина Мургашанска, рече дека ја бараат поддршката од граѓаните за да продолжат со градењето на граѓанскиот концепт кој СДСМ веќе го започна на централно ниво, а додаде дека токму Романовце со векови е пример за соживот. Посочи дека ќе влезат во секој дом и ќе понудат визија за модерна европска општина.

Пред жителите на Романовце се обрати и кандидатката за советник, Хана Џељадини која вети парк во ова населенo место и подобрување на водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он