Димитриевски, Таравари и Ванковска блиску до целта во трката за потписи

Од:

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски е блуску да му се приклучи на Бујар Османи кој веќе ја надмина потребната бројка од 10 илјади потписи за кандидатура за претседателските избори. Димитриевски, според последниот пресек од Државната изборна комисија има 8400 потписи.

Претендентот на здружените албански обозициски партии Арбен Таравари направи драстичен скок во собраните гласови. Од нешто помалку од 2000 дојде до 7513 практично за еден ден откако партиите кои го подржуваат од вчера активно тргнаа во собирање потписи.

Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска до крајот на вчерашниот ден собра 6247 потписи. Стевчо Јакимовски има 4718.

Останатите кои се обидуваат да соберат потписи се под бројката од 1000.

Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од 30 пратеници и не треба да собираат граѓански потписи.

Собирањето потписи трае до 8 март на полноќ.

Би можело да ве интересира

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Касами: Од утре граѓаните ќе бидат слободни

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ова е историски ден и ќе го пишува во книгите

Катерина Ѓуровски

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски