(ВИДЕО) ДИК почнува со кампања за референдумот: „Твој став-твое право”

Од:

„Твој став – твое право” е слоганот под кој од утре Државната изборна комисија ќе почне со кампања за информирање на граѓаните за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември. Од Комисијата појаснуваат дека ќе емитуваат три видео записи – едниот дел ќе биде од информативен карактер, а другиот дел ќе се однесува на едукација на гласачите за нивното гласачко право.

Претседателот на комисијата Оливер Деркоски посочи дека со оваа кампања се обиделе на најдобар можен начин да бидат неутрални и да не заземаат страна во однос на претстојниот референдум.

На денешната седница ДИК усвои и упатство за начинот на гласање на гласачките места на кои има запишано помалку од 10 избирачи. Станува збор за 81 гласачко место. Гласачите од овие избирачки места ќе гласаат во најблиските пунктови кои не се подалеку од три километри.

Од ДИК информираат дека се испечатени гласачките ливчиња од страна на печатницата ,,Киро дандаро” од Битола за што се потрошени 13 милиони денари. Деркоски посочи дека се работи за голема заштеда и дека сумата е намалена значително во споредба со претходните изборни циклуси. Тој како пример ги посочи изборите во 2017 година кога биле потрошени 28 милиони денари и 2016 година кога биле издвоени 48 милиони денари за печатење на гласачките ливчиња.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on