ДИК ќе расправа за роковникот за Локалните избори 2017

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која треба да го разгледа и усвои Предлог – роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2017 година за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје (6 август – 15 октомври 2017 година).

На дневен ред на седницата се и барањата до Министерство за внатрешни работи, согласно членовите 41, 43, 45 и 49 од Изборниот законик и до Министерство за информатичко општество и администрација, согласно член 32 од Изборниот законик.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера, согласно со роковите утврдени со Изборниот законик, го потпиша Решението за распишување на Локалните избори, кои според законските одредби, ќе се одржат на 15 октомври годинава.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката