Дезинфекција на возилата што влегуваат и затворање на повеќенаменските игралишта во Кочани

Од:

Дезинфекција на трите сообраќајни влеза во Кочани и затворање на повеќенаменските спортски игралишта се новите мерките за заштита и спречување на ширење на болеста Ковид-19, што на денешниот состанок ги определи Кризниот штаб на Општина Кочани.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев направи пресек на преземаните мерки, нагласувајќи дека досегашната навремена реакција со начини што овозможуваат социјална дистанца придонесува во Општината да нема заразени од коронавирусот. За да се намалат ризиците за ширење, тој предложи третман на возилата на влезовите и затворање на повеќенаменските игралишта, по примерот на детските.

Службите од Центарот за јавно здравје истакнаа дека термини за тестирање има и дека матичните лекари можат да резервираат. Исто така, предупредија дека доаѓа период на поголема потреба од заштитни маски и визири, па граѓаните да не се расфрлаат и да не ги злоупотребуват резервите од опрема што ги имаат набавено досега.

– Состојбата е крајно сериозна и ние ќе ги искористиме сите мерки за поддршка на локалниот бизнис. Конфекциите изработуваат маски од текстил, многу од нив донираат и ако има потреба, може да се ублажи состојбата со такви маски. Ќе продолжиме да помагаме и со дезинфекција во приватниот сектор. Останува да ја контролираме состојбата, да водиме грижа и да ги надминеме што поскоро овие тешки времиња, истакна градоначалникот Илијев.

Лекарите коишто се членови на Кризниот штаб упатија апел граѓаните да не одат в болница, туку да добиваат упатства за натамошните постапки по телефон.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно