Деведесет години од отварањето на првата аптека во Кавадарци во која работел Васил Хаџиманов

Од:

Во Кавадарци денеска се навршуваат 90 години од отворањето на првата аптека во Кавадарци, во која работел и македонскиот етномузиколог Васил Хаџиманов, информира денеска историчарот Петре Камчевски.

– Аптекарската дејност во Кавадарци започнала со доаѓањето на фармацевтот Бошко Марковиќ и неговата сопруга Лела. Тие во 1927 година во новоизградениот хотел на Петре Камчев – Американецот во приземјето до кафеаната „Југославија“, ја отвориле првата аптека во Кавадарци. Во 1931 година прв дипломиран фармацевт од Кавадарци бил Васил Хаџиманов, кој бил ангажиран да работи како аптекарски помошник во нивната аптека. Кога Бошко Марковиќ го напуштил Кавадарци, непосредно пред Втората светска војна, работењето со аптеката во Кавадарци целосно го презел Васил Хаџиманов, појасни Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.

Мики Камчевски, професор по историја во кавадаречката гимназија, додаде дека Васил Хаџиманов е кавадарчанец кој македонската народна песна ја сочувал од заборав.

– Еден од најголемите и најупорните македонски етномузиколози, мелографи, фолклористи и интерпретатори на македонските народни песни. Најпрвин дипломирал фармација во Загреб, а потоа и магистрирал. Пред да работи како аптекар, едно време бил ангажиран и како наставник по музичко воспитување, соопшти Мики Камчевски.

Васил Хаџи Манов е татко на Зафир Хаџиманов и дедо на Васил Хаџиманов.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење