Детали за апсењето на директори и инспектори од УЈП – уапсени 15 лица, испрале 840 илјади евра данок, им нашле и муниција дома

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело  „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

„ Во текот на 2020 и 2021 на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок со што се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетот. Прво и второпријавениот, иако не се сопственици, управители и овластени лица на сметките на правните субјекти, тие реално управувале, координирале и давале инструции за постапување, а за активностите го известувале третопријавеното раководно лице од УЈП.“ велат од МВР

Оваа организирана криминална група правните субјекти ги користела за издавање на лажни фактури едни кон други, без да постојат реални деловни активности, и врз основа на овие фактури до УЈП биле доставувани ДДВ – даночни пријави, со цел неосновано побарување на поврат на данок.

Организаторите за целата оваа осмислена шема за возврат добивале стока, движен и недвижен имот како луксузни возила, станови и сл., кои подоцна ги препродавале на трети лица со што противправно се стекнувале со материјална корист.

Оваа криминална група преку четири правни лица од Скопје, во периодот од 2020 до 2021 година, пребиле данок во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра)

„Утрово (19.07.2023) од страна на ОСОСК беа спроведени претреси на 7 локации, при што од слобода беа лишени три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. При претресите беа запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми од кои 8 куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.“ велат од МВР

Со официјална информација се јавија и од Обвинителството.

„ Првоосомничениот го користел својот должничко доверителски однос со едно правно лице, а второосомничениот бил задолжен да наоѓа фиктивни правни лица и да формира нови правни лица преку кои ќе генерираат фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи. За таа цел на располагање имале осум правни лица со кои реално, но не и формално управувале.

Третоосомничениот како раководно лице во УЈП, иако немал надлежност, од вработените во УЈП, електронски добивал известувања и постојано бил во тек со фиктивниот поврат на незаконски средства врз основа на одобрени барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок и тоа исклучиво за фиктивните даночни гаранти.

Подоцна како членови на злосторничкото здружување се приклучиле уште осуммина осомничени при што двајца од нив имале задача да учествуваат во подготовка на потребната документација, вработени во УЈП, имале задолжение да ги одобруваат барањата

Неосновано побарале и добиле враќање на Данок во износ од 51.626.637,00 денари или околу 840.000 евра.

Со намера да го прикријат потеклото на паричните средства, третоосомничениот ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен. Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства. Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати, како дневен промет ги внело на сметките на своето правно лице, а потоа повторно во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени од неговото осомничено правно лице на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка При Основниот кривичен суд -Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.„ се вели во соопштението од Обвинителството

Би можело да ве интересира

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци