А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Економија

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли

by А1он29/03/2026 - 10:36181
Share0

Како дел од континуираните активности за сузбивање на неформалната економија и унапредување на фискалната дисциплина кои Управата за јавни приходи ги спроведува во изминатиот период, започнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема.

Следете a1on на Instagram Instagram

Имено, согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања (туроператори), каде што претежно се врши промет на добра и услуги кон крајни купувачи со готовински плаќања, 6.451 даночен обврзник се деловно активни и имаат вработени лица, а воопшто немаат регистрирано фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања. Од нив, 3.115 субјекти се регистрирани и за целите на ДДВ, што дополнително укажува на вршење редовна деловна активност. Активностите и контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие активни субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски за евидентирање на готовинските плаќања.

Дополнително, од страна на УЈП детектирани се уште 13.966 даночни обврзници во овие дејности без регистрирани фискални уреди, за кои УЈП ќе спроведе теренски проверки, вкрстување на податоци и други контролни механизми, со цел да се утврди дали истите реално вршат деловна активност без да го пријавуваат прометот и без да пресметуваат и плаќаат даноци. Доколку се утврди дека субјектите вршат дејност, но не го пријавуваат прометот и не пресметуваат и плаќаат даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и соодветни кривични постапки согласно закон.

Согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања секој даночен обврзник кој врши промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат (готовински плаќања) е должен да воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања и задолжително да издава сметка за извршениот промет, односно услуга (фискална сметка).

Следете a1on на Youtube YouTube

Во таа насока, даночните обврзници се должни:

•да воведат и користат фискален апарат или фискален систем на опрема;
•да го регистрираат истиот во Управата за јавни приходи пред започнување со вршење на промет;
•да издаваат фискална сметка за секоја извршена продажба на добра или услуги за која се врши готовинско плаќање.

Управата за јавни приходи укажува дека непостапувањето согласно законските одредби предвидени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања претставува прекршок, за кој се предвидени парични глоби и запечатување на трговски објекти согласно прекршочните одредби од законот.

Со ова известување Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовинско плаќање, а немаат воведено и регистрирано фискален систем на опрема да преземат итни активности за доброволна усогласеност и да извршат набавка, инсталација и регистрација на фискален апарат преку овластен оператор и согласно постапката утврдена од Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи ќе го следи усогласувањето и ќе преземе мерки во насока на целосно и задолжително исполнување на законските обврски.

Борбата за сузбивање на сивата економија останува еден од приоритетите на Управата за јавни приходи, а контролите за фискализација имаат за цел зголемување на довербата во даночната администрација, создавање ред во економијата и заштита на легалниот бизнис.

fiskalniujp

Би можело да ве интересира

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 09:48

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 16:5202/06/2026 - 17:07

УЈП испрати над 860 илјади граѓани добија пополнети годишни даночни пријави, рокот за проверка е до 31 мај

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 10:35

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 14:2115/04/2026 - 14:23

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он10/03/2026 - 15:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео