Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Од:

Партијата која ја предводеше Љупчо Палевски-Палчо влегува во трката за пратеничко место. До Државната изборна комисија помеѓу поднесените листи се и оние на политичката партија Десна, која има поднесено листи во сите изборни единици, но не им се прифатени во петката и шестката, каде доколку не пресече поинаку Управниот суд, тие нема да ја бараат довербата од граѓаните.

Носител во првата изборна единица е Тони Алексовски, кој ја презеде партијата откако Палчо, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски избега во Турција, каде се уште е во екстрадициски притвор.

Тужбите за листите во петтата и шестата изборна единица пред Управниот суд од партијата ги најавија преку Фејсбук профилот на партијата, кој Палевски се уште го користи за да испраќа писма до јавноста од екстрадицискиот притвор во Турција.

Претходно, партијата ја поддржа Зорица Цветковска, кандидатка за претседател која во законски предвидениот рок успеа да собере 293 гласови.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“