Десетина повикани на распит во полиција за вчерашните инциденти во Крушево

Од:

МВР се уште истражува кои се лицата што вчера фрлаа со пластични шишиња по владините претставници и странската делегација присутни на манифестацијата за Илинден во Крушево. Неофицијално, полицијата веќе идентификувала и повикала на распит во полициска станица десетина од учесниците во инцидентот. Се преземаат мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза, велат од МВР, а неофицијално ќе се испитува и дали има пропуст во безбедносните проценки.

Од министерството за одбрана веќе соопштија дека на видео снимките препознале припадник на АРМ во првите редови на толпата која ги предизвика инцидентите на Мечкин Камен. Иако војникот негирал дека тој учествувал во инцидентот, од министерството формирале Комисија за покренување постапка против професионалниот војник.

Вчера на официјалното одбележување на празникот Илинден на Мечкин Камен, повеќе здруженија кои се декларираат како патриотски, како и членови на навивачки групи скандираа и пееја навредливи песни, а потоа и гаѓаа со предмети по владините делегати и странските дипломати кои беа присутни на прославата. Единствениот кој доби поддршка од толпата беше претседателот Ѓорѓе Иванов, кој пак, од пошироката експертска јавност, како и од дел од владејачките партии беше посочен како главен поттикнувач на тензии и нетрпеливост, затоа што во својот „илинденски “ говор испрати пораки за губење на македонскиот идентитет, укинување на македонскиот народ, редефинирање на државата и сл.

Од кабинетот на Претседателот се оградија дека инцидентот го предизвикал говорот на Иванов и побараа Владата да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он