Денеска високи температури и можност за дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло со мала доумерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.

Температурата ќе достигне до 33 степени.

Во дојранскиот регион ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност и со слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Температурата ќе достигне до 37 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски