Денеска стабилно и сончево

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност и потопло. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер што ќе ја растури маглата.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност преку денот. Претпладне ќе има услови за магла, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурите, а воздушниот притисок нагло ќе порасне за околу 10 мерни единици. Ќе има и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе провејува снег. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, а од вторник по одделни котлини повторно ќе има појава на магла.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски