Денеска времето во цела Македонија ќе биде сончево, а во источните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 8 Целзиусови степени во Скопје, Маврово 2, Охрид 7, Битола 6, Кавадарци 9, Берово 4 , Крива Паланка 6, Дојран 10…
Стабилно и суво време со студено утро ќе имаме и утре, со благ пораст на дневната температура (од 5 до 9 степени). Во вторник дневните температури ќе се движат од 4 до 10 степени.