Денеска сончево, утре студено со дожд, снег и ветер

Од:

Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, најавуваат од утре метеоролозите.

Облачноста ќе почне да се зголемува во вечерните часови почнувајќи од север и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата,па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет степени, дневната од минус два до осум степени.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Доцна попладне ветерот ќе се промени во северозападен и ќе засилува. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, повремено поинтензивни. Во втората половина од ноќта врнежите и во Скопската Котлина ќе преминуваат во снег.

Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски