Денеска сончево со локална облачност

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови од земјата во планинските региони ќе има услови за појава на слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во благ пораст. Во недела претпладне кон југ ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне ќе се зголеми облачноста, и на север ќе има услови за краткотраен дожд. Во понеделник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски