Денеска комисијата за ревизија на проектот Скопје 2014, составена Драган Малиновски и Слаѓана Тасева, ќе одржи прес на кој ќе бидат обелоденети досегашните сознанија околу проектот Скопје 2014.
Ревизијата се спроведува по барање на градоначаликот на Општината Андреј Жерновски, кој формираше експертска комисија за да се провери начинот на кој постапувала претходната општинска власт при градењето на објектите и спомениците од проектот „Скопје 2014“, што се реализирани преку општината.
Пред околу две недели Жерновски изјави дека се потврдило она од што стравувал дека на незаконси начин се трошеле парите од буџетот на општината, но додаде дека не сака да зборува предвреме и да ги прејудуцура наодите на ревизијата.