Денеска променливо облачно со повремен снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 12 до минус 2, а максималните ќе достигнат од минус 2 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштат до минус 7, а максималните ќе достигнат до 6 степени.

Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.

По котлините ќе има услови за појава на магла.

Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

Би можело да ве интересира

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег