Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во вторник и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево време со умерена локална облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност