Денеска поројни дождови и силен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи, а ќе дува и засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови од земјава каде локално е можно да наврнат повеќе од 20 литри на метар квадратен воден талог, а не е исклучена и можноста за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд проследен со грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време. Во одделни делови е можен краткотраен локален дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски