Претпладне ќе биде малку до умерено облачно на североисток со услови за краткотраен дожд.
Попладне ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната ќе достигне максимални 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови зa слаб дожд, а попладне ќе биде нестабилно со можност за пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.