Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне, најпрвин во западните делови ќе биде нестабилно, проследенo со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења и град, а на места процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме.
Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно проследенo со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења. Температурата ќе достигне до 33 степени.