Денеска обоен дожд со африкански песок и прашина

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, од попладне врнежи ќе има на повеќе места, а пообилни ќе бидат во вечерните и ноќните часови. Во јужните делови врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Можна е и локална појава на обоен дожд, поради присуство на песок и прашина, кои деновиве се транспортираат од Африка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата, како што соопшти УХМР, ќе се движи од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Поради условите за нестабилност утре врнежите на повеќе места ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи. До сабота вкупната количина на наврнат воден талог на места се очекува да надмине 30 л/м2, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен, а во сабота северен ветер.

Врнежи од снег ќе има само на највисоките планински врвови, а во сабота на надморска висина над 1500 метри.

Во сабота дневните температури ќе бидат најниски и ќе се движат од 7 до 13 степени, а од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски