Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форна на невреме.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец, кој попладне ќе се промени во северен, и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.