Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Во централите делови од земјава врнежите ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од шест до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Врнежите што следат на некои повисоки места ќе се менуваат од врнежи од снег во врнежи од дожд особено во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата, но и во понеделник кон крајот на денот и ноќта кон вторник. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата каде што на повеќе места ќе наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен.