Денеска облачно и студено

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и постудено за овој период од годината и со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во северните и северозападните предели на земјава каде локално повторно се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог.

Во вечерните и во ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а и облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

В недела и во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време и потопло со подолги сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Температурата ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски