Од денекса ќе има влијание на потопла, но сува воздушна маса, па температурите ќе бележат пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали.
Во утринските часови ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб североисточен ветер.
Во вторник ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Максималните температури ќе се движат од 17 до 23 степени.
