Денеска времето ќе биде претежно облачно и постудено, со повремени локални врнежи од дожд.
Дневната температура ќе се движи од 9 до 21 степен.
Метеоролозите прогнозираат дека кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува.
Ќе дува умерен повремено и засилен северозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови од земјава.