Денеска ќе биде погребан Роберто Беличанец

Од:

Семејството, пријателите, колегите, денеска ќе се простат од Роберто Беличанец.

Погребот ќе биде извршен во Прилеп во 17 часот.

Беличанец беше човек со остра мисла и чист став за се што се случува во Македонија.

„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ!

Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика? Кирил и Методиј официјално работеле за Византиските служби – кога ќе бидат лустрирани ако може да ни се каже? М?“, ова беше последното што го напиша на ФБ.

Беше згрозен од чинот на лустрирањето на Славко Јаневски. Во својот гнев кон оваа политичка инквизиција напиша:

„Кирил и Методиј официјално работеле за Византиските служби – кога ќе бидат лустрирани ако може да ни се каже? М?“

„Коце се распрашувал дали тоа селото зад седумте јасени е во скопско за да ги исече јасените“.

Беше татко на 3 деца, аналитичар и критичар на општествените состојби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски